24фудбал

Хаверц: Чувството е неверојатно, 15 години работев за ваков момент, пресреќен сум!

Каи Хаверц е херојот на Челси, со негов гол сините по вторпат стигнаа до трофејот од Лигиата на шампионте.

Лига на Шампиони

Со гол на Хаверц пред крајот на првото полувреме Челси со 1-0 го победи Манчестер Сити и ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Германецот не ја почна најдобро сезоната, но таа за него имаше крај од соништата. Тој откако почнал да тренира сонувал за ваков момент.

„Чувството е неверојатно. Долго време чекав ваков момент и сега го направив тоа. Работев 15 години иза ваков момент, сега сум многу среќен“, кратко изјави Хаверц пред да тргне да го прими шампионскиот медал.

Пофалби за Хаверц стигнаа и од капитенот, Аспиликуета.

„Тој го засалужи тоа, тешка сезона, но тој има врвен менталитет. Хаверц ќе биде ѕвезда, веќе е, тој ја освои Лигата на шампионите“, изјави Аспиликуета.