24фудбал

Тухел му покажа на ПСЖ каков тренер избркаа!

Тренерот на Челси, Томас Тухел е победник на сезоната, германскиот стратег беше избркан од ПСЖ, а неколку месеци подоцна ја освои Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Тухел минатата сезона го однесе ПСЖ во финалето кое не успеаа да го добијат, раководството на францускиот тим оваа сезона како само да чекаше момент да се ослободи од Германецот. Го избркаа во текот на сезоната, а потоа тој имаше вистинско шоу на клупата на Челси.

Само неколку месеци откако доби отказ, тој ја освои Лигата на шампионите, титулата за која сонува ПСЖ.

Томас Тухел со Челси го освои и Лига Купот и дури трипати го победи Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола.

Тухел на клупата на Челси одигра три меча против Гвардиола, два против Зидан, два против Симоене, еден против Клоп, Мурињо и Анчелот. Ги победи сите девет, немаше ниту еден пораз, прими само два гола. Брилијантен учинок.