24фудбал

Челси го победи Манчестер Сити и повторно се качи на кровот на Европа! (ВИДЕО)

Челси со 1-0 го победи Манчестер Сити во финалето од Лигата на шампионите и по вторпат го освои големиот пехар од најелитното европско клупско натпреварување.

Лига на Шампиони

Челси е нов шампион на Европа, сините предводени од Томас Тухел го победија Манчестер Сити и ја освоија Лигата на шампионите.

Пеп Гвардиола никако да го најде лекот за Челси под водство на Томас Тухел, тој ќе почека за да ја освои Лигата на шампионите со друг клуб освен Барселона.

Германскиот стратег го надигра Пеп Гвардиола денеска, ја прочита играта на Челси, фантастично го постави својот тим и на крајот дојде до целта.

Натпреварот беше динамичен, но не изобилуваше со многу големи шанси, во првиот дел Вернер пропушт две убави прилики, а Стерлинг се најде во шанса за Манчестер Сити.

На три минути пред истекот на првиот дел, Маунт фантастично го проигра Хаверц кој го помина Едерсон и погоди за водство на Челси од 1-0.

Во вториот дел Сити се обиде да дојде до изедначување но Челси одлично се бранеше и беше опасен од контра напади.

Пулишиќ пропушти една голема можност, беше сам пред Едерсон, се обиде да го лобува, но топката заврши покрај голот на Манчестер Сити.

Тимот на Пеп Гвардиола вршеше притисок до крајот од мечот, но немаа конкретни шанси за гол.

На крајот Челси сосема заслужено е нов шампион на Европа, овој успех е уште повеќе значаен за Томас Тухел кој беше избркан од ПСЖ и вечерва му покажа на францускиот тим колку голем тренер е.