24фудбал

Луди 15 минути, Кил остана со скршени срца, Келн со опстанок во Бундеслигата (ВИДЕО)

Келн обезбеди опстанок во Бундеслигата откако вечерва со 1-5 славеше на гостувањет кај Кил, домаќините по втор пат губат плеј-оф меч за влез во елитата.

Германија

Кил ќе почека за настап во Бундеслигата. Избраниците на Вернер во средата направија голем исчекор откако победија со 0-1 на гостувањето кај Келн, но вечерва останаа со скршени срца.

Во луди 15 минути, Келн стигна до предност од 1-3 и многу работи беа решени веќе тука.

Едвај 120 секунди беа потребни за Хектор да погоди за 0-1 и да најави возбудлив натпревар, за Ли веќе во следниот напад да реализира за 1-1.

Се играше шестата минута кога Андерсон со глава донесе ново водство за гостите, а истиот играч во 13. минута по втор пат се запиша во листата на стрелците за 1-3.

Чикос прекрасно погоди со полуволеј од врвот на шеснаесетникот за 1-4 на пет минути пред крајот на првиот дел, а во финишот од мечот Скири само ја запечати победата и го потврди опстанокот во Бундеслигата.

За Кил ова беше втор неуспех во плеј-офот, откако во сезоната 2017/18 загубија од Волфсбург.