24фудбал

Едерсон вежбаше пенали: Погоди на 10 од вкупно 11 обиди, а имаше и паненка (ВИДЕО)

Познато е дека Бразилецот е добар изведувач на ударите од белата точка, меѓутоа тоа е познато засега само од тренинзите, а Гвардиола не собра храброст досега да му ја довери таа улога.

Лига на Шампиони

Финалето од Лига Европа се одлучуваше на пенали, таму Виљареал беше подобар од Манчестер јунајтед со 11-10 во серијата, а трагичар беше голманот на Премиерлигашот, Давид Де Хеа кој промаши во клучниот момент.

Се чини дека освен тоа што Едерсон се подготвува максимално да го сочува голот вечерва во финалето од Лигата на шампионите против Челси, истовремено можно е да добие и прилика од Гвардиола да биде прв изведувач при евентуален удар од белата точка.

27 годишниот голман на Манчестер Сити имаше 11 обиди од белата точка, а беше успешен во 10 од нив, што е одличен статистички показател, а имаше и паненка, која исто така ја реализираше успешно.