24фудбал

Тухел: Тешко е да се игра против Пеп, но не се работи за мене и него, ова не е натпревар во тенис

Германскиот фудбалски стратег му ја препушти фаворитската улога на својот противник, меѓутоа изрази надеж дека неговите избраници можат да слават и да го подигнат трофејот во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Тоа што Френк Лампард го почна успешно во Лигата на шампионите сезонава со Челси, уште поуспешно го одработи и Томас Тухел, кој ги одведе „Сините“ од Лондон во големото финале, меѓутоа Германецот повторно не заборави да потсети на успехот под кормилото на Лампард.

Веќе имаме шест меча заедно, Лампард имаше навистина успешна работа во ова натпреварување, поточно во групната фаза, а ние работевме напорно да дојдеме до тука, а ја чувствуваме гладта, среќни сме што сме тука, посакуваме да уживаме во натпреварот, се надеваме дека можеме да победиме“ изјави предводникот на „Сините“ од Лондон во пресрет на утрешното финале во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, а тој признава дека е тешко да се има ривал како Пеп Гвардиола.

Тешко е да се игра против Пеп, тој креира тим со голема самодоверба, успех, но и победнички менталитет, тие можеби се најсилниот тим во моментов во Европа, а можеби и општо во светот, постои голем јаз во лигата, меѓутоа ние на успешен начин им се спротиставивме на Вембли и во Манчестер“ додаде Тухел, алудирајќи на минималецот за титула во ФА купот, но и победа од 1-2 на гости во последната нивна меѓусебна пресметка во Премиерлигата.

Не се работи за мене и Пеп, ова не е натпревар во тенис, утре ќе се случи сосема различен тим во однос на Сити, но ние имаме искуство во однос на тоа како храбро да се поставиме во одредени моменти од натпреварот“ заклучи германскиот фудбалски стратег.