24фудбал

Проблеми за Гвардиола, Гундоган се повреди пред финалето (ВИДЕО)

Германскиот интернационалец има фантастична сезона зад себе во дресот на „Граѓаните“, а евентуално негово отсуство утревечер дефинитивно ќе биде голем проблем за Гвардиола.

Лига на Шампиони

Илкај Гундоган би можел да го пропушти финалето од Лигата на шампионите утревечер против Челси, откако фудбалерот на Манчестер Сити се здоби со повреда за време на денешниот тренинг на „Граѓаните“.

Како што пишуваат медиумите на Островот, до повредата дошло по дуел со Фернандињо, а барем засега нема дополнителни информации околу сериозноста на повредата, меѓутоа Гундоган беше приморан да го напушти предвреме тренингот.

30 годишниот фудбалер од средниот ред сезонава во Премиерлигата на 28 настапи успеа да запише 13 погодоци, но уште и 3 асистенции, па така во голема мера помогна за освојување на титулата во тоа првенство.