24фудбал

Откриен нов скандал: Нејмар се обидел да принуди вработена во Најк на орален секс?!

Медиумите од САД пренесуваат дека Најк ја прекинал соработката со Нејмар откако Бразилецот одбил да соработува во внатрешна истрага и обвинувања за сексуален напад.

Франција

Минатото лето, Најк и Нејмар се разделија по 15 години соработка. Тогаш не беа откриени детали, но сега медиумите од САД пренесуваат дека компанијата од Орегон се решила на еден ваков чекор бидејќи Бразилецот одбил да соработува во внатрешна истрага и обвинувања за сексуален напад.

Имено, вработена во Најк на пријателите и колегите им се пожалила дека Нејмар се обидел да ја принуди на орален секс во неговата хотелска соба во Њујорк во 2016, Бразилецот бил присутен во „големото јаболко“ за ивент на Најк.

Вработената доставила жалба во 2018 година, и Најк во 2019 ангажирал надворешна адвокатска фирма за да го истражи целиот случај. Според Најк, Нејмар не сакал да го соработува во истратага, па тие решиле да стават крај на соработката иако имало уште осум години од договорот.

„Најк ја прекина соработката со спортистот бидејќи одби да соработува и да покаже добра волја за да истражиме веродостојно обвинување од страна на наш вработен“ – велат од компанијата.

Портпаролот на Бразилецот сепак го негира сето ова: „Нејмар силно ќе се брани од овие неосновани напади во случај обвинувањата да стигнат до суд“.

Тој инсистира дека разделбата била поради комерцијални причини и додава: „Многу е чудно тоа што во Најк до сега не успеале да го разјаснат настанот кој наводно се случил во 2016“.