24фудбал

УЕФА ја разгледува опцијата полуфиналето и финалето од ЛШ да се игра во еден град, во една седмица

Новиот формат на натпреварувањето стартува од 2024 година, а од европската куќа на фудбалот разгледуваат една опција која поради пандемијата со ковид-19 веќе беше употребена, а помина успешно.

Лига на Шампиони

Од УЕФА сериозно ја разгледуваат опцијата полуфиналните пресметки и финалето во Лигата на шампионите да се одиграат во еден ист град во период од една седмица, а од европската куќа на фудбалот го разгледуваат сево ова како промена за новиот формат кој стартува од 2024 година.

Веќе бевме сведоци на слично сценарио со тоа што ланската сезона почнувајќи од четвртфиналето, се одигра завршниот турнир во Лисабон, Португалија, а во УЕФА веруваат дека сето тоа поминало доста успешно.

Исто како и во сценариото со ланската сезона, предвиден е еден меч во елиминационата фаза, а според пишувањата на „Њу Јорк Тајмс“, се верува дека од УЕФА ќе го објават предвидениот план во деновите кои претстојат.

Ќе се нарекува „седмица на шампиони“, а ќе има две полуфинални натпревари, како и финале, а сите тие натпревари ќе се одиграат во период од една седмица, со тоа што финалето ќе остане во препознатливиот ден – сабота, во вечерен термин.