24фудбал

Емери: Пеналите не се лотарија

Унаи Емери уште еднаш покажа дека е мајстор за освојување на Лига Европа со шпански екипи откако со Виљареал го совлада Манчестер јунајтед во финалето.

Лига Европа

Емери синоќа по четврти пат го освои ова натпреварување, досега загубил финале само со Арсенал, трипати се радуваше на трофејот со Севиља и еднаш со Виљареал.

Шпанскиот стратег покажа дека е неверојатен кога ќе дојде до финале, Виљареал не беше фаворит, но одигра одличен меч и на пенали го совлада Јунајтед.

„Многу сум среќен. Овие фудбалери работеа многу напорно низ целата сезона, за претседателот, сопственикот, предводникот. Многу сме горди за Виљареал, мислам дека заслуживме да победиме. Тоа беше Манчестер јунајтед, но одигравме многу добар меч вечерва“, вели Емери.

„Овој клуб играл во Лигата на шампионите и ќе уживаме повторно во тоа натпреварување. Сакаам да ја освојувам Лига Европа, но сакам да играм во Лигата на шампионите“.

„Пеналите не се лотарија, треба да имате силен менталитет да шутирате во таква ситуација со максимален притисок и фудбалерите беа неверојатни“.