24фудбал

Солшер: Тивко беше во соблекувалната, разочарани сме

Оле Гунар Солшер вели дека разочарувањето е големо по финалето од Лига Европа, но верува дека Манчестер јунајтед е се поблиску до освојување на трофеј.

Лига Европа

Последен трофеј кој го освои Манчестер јунајтед беше токму овој од Лига Европа кога црвените ѓаволи предводени од Жозе Мурињо триумфираа во ова натпреварување.

Солшер синоќа беше блиску до својот прв трофеј како тренер на Јунајтед, но неговиот тим загуби на пенали, па нова шанса за таков успех ќе има во следната сезона.

„Тивко е во соблекувалната, разочарани сме. Но тоа е фудбалот, понекогаш одлучува еден шут. Треба да научиме од ова и да бидеме сигурни дека веќе нема да ни се случи ова чувство“, вели Солшер.

„Не одигравме добро колку што можеме. Мислам дека почнавме добро, тие дадоа гол од нивниот еднствен шут во рамките од голот. Разочарани сме што загубивме на ваков начин“.

„Тие одиграа добра одбрана, го затворијаа просторот, не креиравме доволно големи шанси. Сега не е време да кажам што би направил поинаку, но кога нема да го освоите трофејот сигурно има некои работи што би ги промениле“.

„Поблиску и поблиску сме, и подобри и подобри сме. На еден шут од трофејот бевме. Единствен начин да го направиме тоа што сакаме е да напредуваме и да стануваме се подобри“.