24фудбал

Руљи: Кога дојде мојот ред да шутирам, не ни мислев што правам, само шутнав најсилно што можам

Голманот на Виљареал, Геро Јури беше херој на својот тим во финалето против Манчестер јунајтед откако погоди од пенал, а потоа му одбрани на Де Хеа.

Лига Европа

Виљареал по една луда пенал серија го победи Манчестер јунајтед и ја освои Лига Европа. Откако по десет фудбалери од двата тима беа прецизни, дојде ред да шутираат голманите, Руљи погоди, па му одбрани пенал на Де Хеа и славјето започна.

„Кога дојде ред јас да шутирам, едноставно не мислев на тоа, ако мислев ќе беше лошо. Едноставно шутнав со сета сила која ми остана во телото после таква ноќ. Навистина, немав идеја што направив, само видов дека влезе. Каков крај на сезоната. Ниту во моите апсолутно најлуди соништа не можев да замислам победа на пенали за трофеј на ваков начин. Да го дадам последниот за нас и да го одбранам последниот за нив... никогаш не би помислил дека ќе се случи“, изјави голманот Руљи.