24фудбал

Де Хеа промаши пенал, Виљареал ја освои Лига Европа! (ВИДЕО)

По една неверојатна пенал серија, Виљареал ја го победи Манчестер јунајтед со 11-10 во удари од белата точка и ја освои Лига Европа, Давид Де Хеа го промаши пеналот за англискиот тим.

Лига Европа

Виљареал е новиот освојувач на Лига Европа, прв историски трофеј за жолтата подморница. Унаи Емери по четврти пат го освојува ова натпреварување. Оле Гунар Солшер ќе почека за трофеј со Манчестер јунајтед.

Во регуларниот дел и двете екипи имаа по едно полувреме, во 29. минута Виљареал поведе со гол на Морено.

По десет минути игра Единсон Кавани се најде во позиција од која не може да промаши, реализираше и изедначи на 1-1.

Немаше голови до 90. минута, па се премина кон продолженија но и во нив немаше погодоци, пеналите требаше да го решат победникот.

А пенал серијата беше неверојатна, и двете екипи беа перфектни, беше 10-10 и остана само голманите да шутираат. Руљи идеално го изведе пеналот, а потоа му одбрани на Де Хеа кој слабо шутираше, по што можеше да почне славјето на Виљареал.

Голема, историска, прва титула за Виљареал кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, Шпанија ќе има пет претставници во елитното натпреварување. Манчестер јунајтед завршува уште една сезона без трофеј под водство на Оле Гунар Солшер.