24фудбал

Без победник во регуларниот дел, Манчестер јунајтед и Виљареал влегуваат во продолженија (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед и Виљареал не успеаа да дојдат до победа во регуларните 90 минути игра во финалето од Лига Европа, претстојат продолженија на мечот во Гдањск.

Лига Европа

Нема победник по регуларните 90 минути игра во големото финале од Лига Европа помеѓу Манчестер јунајтед и Виљареал во пресметката која се игра во Гдањск, Полска.

Мечот во регуларниот дел заврши со резултат 1-1, а први поведоа фудбалерите на Виљареал со голот на Морено во 29 минута.

Во второто полувреме Кавани донесе израмнување во 55 минута од средбата, а тоа беше и конечниот исход по крајот на регуларните 90 минути игра во Гдањск.

Статистички, „Црвените ѓаволи“ имаа доминација на теренот, а освен поседот на топката, доминираа и во приликите за гол, сепак, По Торес во самата завршница можеше да го казни фаворитот откако не успеа да реализира од убава позиција за гол.