24фудбал

Кавани донесе израмнување за Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Уругваецот се најде на вистинското место за да го сведе продолжението од мечот во Гдањск во голема неизвесност во поглед на победникот.

Лига Европа

Манчестер јунајтед со голот на Кавани во 55 минута од мечот против Виљареал дојде до израмнување на резултатот од 1-1, откако по првите 45 минути игра во финалето од Лига Европа предност имаше шпанскиот прволигаш.

Уругваецот се најде во добра прилика откако употреби „отпадок“ во казнениот простор на Виљареал, а откако ситуацијата беше прегледана од страна на ВАР технологијата, истиот гол беше потврден како регуларен.

Кавани има фантастичен учинок сезонава во Лига Европа со шест погодоци и две асистенции досега на пет настапи.