24фудбал

Виљареал со предност против Манчестер јунајтед по првото полувреме (ВИДЕО)

Првите 45 минути игра во Гдањск завршија со минимална предност во корист на шпанскиот прволигаш кој засега е тврд орев за фаворитот.

Лига Европа

Виљареал има водство од 1-0 над Манчестер јунајтед по првите 45 минути игра во големото финале од Лига Европа кое вечерва се игра во Гдањск, Полска.

Морено во 29 минута го отвори мечот на резултатски план во корист на шпанскиот прволигаш кој одигра доста цврсто против фаворитот кој не успеа да ја искористи доминацијата во однос на поседот на топката.

Што се однесува пак до стрелецот на водечкиот гол за Виљареал, Морено е десетиот фудбалер од топ петте првенства во Европа кој стигнал до 30 погодоци оваа сезона во сите конкуренции, тој на 45 меча освен што постигна 30 погодоци, запиша и бројка од десет асистенции.