24фудбал

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се одзваа со заедничко соопштение

Како што беше и претходно најавено, од УЕФА отворија дисциплинска постапка против триото гиганти кои одбија да се дистанцираат од Европската Супер Лига.

Останато

Се верува дека парична казна секако ќе има за Барселона, Реал Мадрид и Јувентус, а останува отворена дилемата дали УЕФА ќе оди чекор напред и ќе воведе суспензија за клубовите кои и натаму ја застапуваат идејата за Суперлигата, идеја од која се откажаа сите останати клубови.

Триото гиганти се одзваа со заедничко соопштение по реакцијата од страна на европската куќа на фудбалот УЕФА, од каде почна дисциплинска постапка против клубовите.

Барселона, Јувентус и Реал Мадрид остануваат посветени на идејата за модернизирање на фудбалот низ отворен дијалог со УЕФА“ стои во соопштението, а од таму потседија и на одредени правни нормативи според кои нема ништо спорно во идејата која ја понудиле од правен аспект.

Сакаме да ја изразиме нашата посветеност во однос на оваа идеја, а со тоа и да ја отфрлиме константната реакција од страна на УЕФА кон трите релевантни институции во историјата на фудбалот, овој алармантен став претставува кршење на одлуката на судовите на правдата кои ставија јасно дознаење дека УЕФА треба да се воздржи од било каква реакција во поглед на овој случај“ додаваат тие во соопштението.

Отворањето на дисциплинска постапка против нас од страна на УЕФА е неразбирлива одлука, тоа претставува директен напад против владеењето на правото, наместо да се пронајдат сите можни решенија за модернизирање на фудбалот низ отворен дијалог, УЕФА очекува од нас да се повлечеме од судските постапки кои се во тек“ нагласуваат тие, а завршуваат со зборовите Или ќе го реформираме фудбалот, или ќе го гледаме како пропаѓа.