24фудбал

Емери и Солшер ги отворија картите, ова се почетните состави за финалето во ЛЕ (ФОТО)

Обете екипи досега имаат одиграно четири меѓусебни пресметки, а на ниту еден од истите не бил постигнат гол, очекувањата се „мразот да се скрши“ по тоа прашање токму вечерва.

Лига Европа

Виљареал во нешто поофанзивна формациска поставеност во однос на Манчестер јунајтед тргнува во големото финале од Лига Европа кое ќе се одигра во Гдањск, Полска, со почеток од 21 часот.

Шефот на стручниот штаб на шпанскиот прволигаш, Унаи Емери се реши за 4-3-3 формација, а триото во нападот на таа екипа го сочинуваат Морено, Бака и Пино.


Што се однесува пак до почетниот состав со кој Оле Гунар Солшер тргнува од првата минута, главна опасност кон голот на Виљареал ќе биде искусниот Кавани, а веднаш зад него во формациската поставеност од 4-2-3-1 ќе бидат Рашфорд, Фернандеш и Гринвуд.

Иако се претпоставуваше дека Мегваер ќе успее да го почне мечот, сепак стоперот финалето ќе го почне од клупата за резерви, а повеќе од веројатно е дека не успеал до крај да се рехабилитира од повредата.