24фудбал

Фергусон им подели совети на фудбалерите на Манчестер јунајтед

Поранешниот легендарен тренер на „Црвените ѓаволи“ отпатува заедно со експедицијата на Премиерлигашот во Гдањск каде треба да биде инспирација за фудбалерите на составот од Манчестер вечерва.

Лига Европа

Оле Гунар Солшер вечерва ќе се обиде да дојде до првиот трофеј со Манчестер јунајтед, а тоа може да го стори во дуелот против Виљареал во финалето од Лига Европа, меч кој стартува со почеток од 21 часот.

Пред финалето во Гдањск, поранешниот легендарен тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон им се приклучи на Немања Матиќ, Хуан Мата, Бруно Фернандеш и Единсон Кавани за време на појадокот пред мечот, а тој момент го искористи и да им подели некои совети на фудбалерите.

„Ние сме подготвени да го дадеме максимумот од нас самите вечерва, благодарност до Фергусон за неговите совети и поддршка“ напиша Матиќ на социјалните мрежи во описот на фотографијата која ја објави.