24фудбал

Фудбалерите на Црвена звезда и Партизан се степаа и во текот на пенал серијата! (ВИДЕО)

Црвена звезда по подоброто изведување на пенали го победи Партизан и ја освои двојната круна во Србија, а ова дерби не било тоа што е ако нема и инциденти.

Останато

По 120 минути игра немаше погодоци на големото дерби меѓу Црвена звезда и Партизан, па пеналите го решаваа победникот во Купот на Србија. Фудбалерите на Црвена звезда беа поуспешни, победија со 4-3 во пенал серијата и ја заверија двојната круна.

Но, интересно и во текот на пенал серијата се случи тепачка меѓу двете страни. Откако Крстовиќ го даде голот во третата серија, почна да му вика нешто во лице на голманот Стојковиќ кој потоа му ја залепи топката во лице. Тука настана мешаница во која се вклучија и двете екипи.

Инцидентите не завршија тука, продолжија по крајот на пенал серијата. Требаше да помине време за да се смират страстите.