24фудбал

УЕФА отвори дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус

УЕФА соопшти дека е отворена дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, трите клуба кои одбија да се дистанцираат од Суперлигата.

Останато

Како што и претходно беше најавено, УЕФА посебно ќе ги санкционира Реал Мадрид, Барселона и Јувентус кои за разлика од другите, не се дистанцираа од проектот Суперлига.

„По спроведената истрага на етичките и дисциплински инспектори на УЕФА во врска со таканаречениот проект „Суперлига“, отворена е дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус за потенцијално кршење на законската рамка на УЕФА“, стои во соопштението на УЕФА.

Останатите клубови јавно се откажаа од Суперлигата и добија помали казни. Останува да видиме дали УЕФА ќе ги суспендира Реал, Барса и Јуве од Лигата на шампионите, парична казна секако ќе има.