24фудбал

Солшер: Фудбалерите потпишуваат за Манчестер јунајтед за да освојуваат трофеи

Утревечер со почеток од 21 часот се игра финалната пресметка помеѓу Виљареал и Манчестер јунајтед за трофејот во Лига Европа, а Фергусон би можел да биде инспирација за „Црвените ѓаволи“.

Лига Европа

Манчестер јунајтед утревечер ќе има можност да дојде до првиот трофеј по пауза од четири години, откако последниот го освои под кормилото на Жозе Мурињо во 2017 година, а станува збор за истото натпреварување, Лига Европа.

Фудбалерите кои потпишале за Манчестер јунајтед, тоа го сториле за да освојуваат трофеи, а воедно го имаат прифатено и предизвикот на себе за да станат едни од најдобрите, бидејќи ова е најдобриот клуб во светот, тоа е нешто за што тие се подготвени, тие немаше да бидат тука доколку не беа едни од најдобрите“ рече Солшер, а имаше коментар и за легендарниот тренер на „Црвените ѓаволи“, Алекс Фергусон, кој беше дел од експедицијата на клубот за летот кон Гдањс, Полска, каде ќе се одигра финалето.

Тој замина со нас на патувањето, а некои од фудбалерите и дел од стручниот штаб беше да го гледа документарниот филм за него, јас гледајќи го, за момент си помислив колку ли тој човек има сторено за овој клуб, тој е посебна личност, како енциклопедија за фудбал“ додаде Солшер, кој инаку беше вистински херој во титулата во Лигата на шампионите под кормилото на Фергусон пред 22 години кога против Баерн Минхен доби шанса од клупата и го реши мечот.

Тоа што го научив од тие моменти беше да му верувам на тимот, да му верувам на инстиктот, секако дека ќе им пренесам на фудбалерите кои ќе почнат од клупата за резерви дека тие можеби ќе ја одиграат дури и клучната улога на мечот, а секој кој ќе почне од првата минута да ужива во самиот меч“ заклучи норвешкиот фудбалски страгег.