24фудбал

Навивачите на Сараево влетале на тренинг и физички ги нападнале фудбалерите

Навивачите на Сараево пред денешниот тренинг влегле на теренот и ги нападнале фудбалерите револтирани поради тоа што ја пропуштија бодовната предност и не ја освоија шампионската титула, не бил поштеден ниту Крсте Велкоски.

Останато

ФК Сараево имаше голема предност на првото место по првиот дел од сезоната, но следуваа лоши изданија со кои дозволија на крајот Борац Бања Лука да биде нов шампион на Босна и Херцеговина.

Во среда ФК Сараево ќе игра во финалето од Купот на БиХ, а навивачите решија пред тој меч да им удрат по некоја „воспитна“ на фудбалерите, па влетале на трнинингот и физички ги нападнале.

Во комплексот пристигнале три полициски патроли да ја расчистат ситуацијата, се пишува дека инцидентот поминал без поголеми последици.

Тренингот е откажан а по доаѓањето на полицијата сите фудбалери полека го напуштиле тренинг центарот. Последни си заминале Крсте Велкоски и Амери Дуповац.

Се огласи и ФК Сараево, тие го осудија инцидентот.

„Денеска пред закажаниот тренинг на првиот тим на ФК Сараево во тренинг центарот Бутмир, влета група на млади луѓе која физички ги нападна играчите кои во моментов се наоѓаа таму. Реакцијата на останатите присутни го прекина инцидентот без поголеми последици. Клубот најостро ги осудува нападите врз играчите, и ја информира јавноста дека ќе преземе празни и други чекори со цел да ги заштити играчите и другите луѓе. Денешниот тренинг е прекинат, а во прашање се доведени и другите тренинзи пред финалето на Купот на БиХ кој се игра во среда во Зница. Раководството на ФК Сараево е свесно за незадоволството на навивачите поради конечниот резултат во Премиерлигата на БиХ, ја разбираме и ја поддржуваме секоја кокнструктивна критика, но хулиганство и физички пресметки со било кој не е можеме да дозволиме“, стои во соопштението на босанскиот клуб.