24фудбал

Лил е шампион на Франција, прекината е доминацијата на ПСЖ (ВИДЕО)

Лил е сензационален освојувач на Лига 1 во Франција откако денеска со 2-1 славеа на гостувањето кај Анже, ПСЖ со ѕвездениот тим не успеа да ја одбрани титулата, нивната победа кај Брест беше пирова.

Франција

Лил приреди големо изненадување во Франција освојувајќи ја титулата во Лига 1, ПСЖ конечно е симнат од тронот.

Лил нема ѕвезден тим, но одиграа одлична сезона, го имаа фантастичниот Бурак Јилмас кој беше брилијантен на 35 годишна возраст.

Денеска со голови на Давид и Јилмаз од пенал Лил имаше водство од 2-0 по првото полувреме, во 91. минута примија гол, но дојдоа до потребната победа и по крајот на мечот прославата можеше да започне.

ПСЖ со голови на Фавр и Мбапе дојде до победа од 2-0 кај Брест, но овој триумф ништо не им значеше.

Лил заврши на прво место со 83 бода, втор е ПСЖ со 82, следува Монако со 78.

Од Лига 1 испаднаа Ним и Дижон, а аНант ќе игра бараж.