24фудбал

Хаос во Белград, уапсени повеќе од 70 навивачи на Црвена звезда, претепале инспектори мислејќи дека се „Гробари“ (ВИДЕО)

Синоќа во Белград се славеше титулата на Црвена звезда, а настанот донесе и големи инциденти по кои се уапсени голем број на фановите на српскиот шампион.

Останато

Славјето кое беше наречено „Бал на вода“ премина во насилно безредие откако група хулигани почнаа да кршат инвентар во кафулињата. Тие нападнале инспектори мислејќи дека се инфилтрирани навивачи на Партизан.

Брзо реагирала полицијата, дошло до пресметка со навивачите кои брзо биле скротени по што почнало масовно апсење.

Според српските медиуми тројца хулигани се потешко повредени, а уапсени се над 70 луѓе, некои јавуваат и за бројки од над 100 навивачи кои завршиле во притвор. Била направена и сериозна материјална штета.