24фудбал

ФИФА сака Светските првенства да се играат на две години!

На вчерашниот конгрес на ФИФА во Цирих беше одлучено сериозно да се разгледа можноста за Светските фудбалски првенства да се одржуваат на две години.

Останато

ФИФА сака како во ракометот, Светските фудбалски првенства да се играат на две години.

Покрај стандардните точки на конгресот, како што се презентација на се што беше направено во изминатата година и доставување на финанасискиот извештај како и усвојување на буџетот за 2022 годиина, една од точките беше и можноста Мундијалите да се играат на две години.

Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија предложи да се разгледа можноста за одржување на Светски првенства во машка и женска конкуренција на секои две години наместо на четири како што е сега. Дури 166 членки гласаа за даа се започне физибилити студија и сериозно да се разгледа можноста овој предлог да се реализира, само 22 членки беа против.

Конгресот гии потврди и претходните одлуки за зголемување на бројот на учеснци на Светските првенства. Мундијалот во 2026 година ќе има 48 репрезентации, а на СП 2023 за жени ќе има 32 репрезентации.