24фудбал

Лудо: Поради ковид, Ривер играше без измени, голман беше играч од средниот ред, победија, а тој беше прогласен за најдобар!

Ривер Плата го победи тимот на Санта Фе со 2-1 во Копа Либертадорес, навидум ова изгледа нормален меч и нормален резултат, но не е, ова беше необичен натпревар кој ќе се прераскажува.

Јужна Америка

Дури 26 фудбалери на Ривер Плата мораа да одат во изолација поради ковид-19, КОНМЕБОЛ не им го одложи мечот, па тие мораа да најдат начин како да играат. Немаа ни голман.

Скрпија состав од 11 фудбалери, клупата беше празна, имаа само толку играчи на располагање. Фудбалерот од средниот ред, Енцо Перез ја доби улогата на голман бидејќи беше повреден и не можеше да трча.

Ривер имаше фуриозен старт на мечот, со голови на Ањилери и Алварез во третата и шестата минута поведе со 2-0, а до крајот успеа да се одбрани, прими само еден гол и го доби мечот со 2-1.

Енцо Перез кој иако е фудбалер на средниот ред, а беше и повредедн, беше поставен како голман, а како ја изврши оваа неприродна задача за него, стои фактот дека беше прогласен за играч на натпреварот.

Луд натпревар за кој долго ќе се зборува.