24фудбал

Динамо Загреб го освои Купот на Хрватска, Адеми даде гол во финалето (ВИДЕО)

За разлика од македонското, во хрватското финале од купот имаше дожд од голови, беа постигнати дури девет, Динамо Загреб ја победи Истра со 6-3, Адеми беше стрелец на еден од головите.

Останато

Динамо Загреб ја освои двојната круна во хрватското првенство откако ја совлада Истра со неверојатни 6-3, финале за паметење.

Аријан Адеми го постигна вториот гол за Динамо Загреб на овој меч. Стандардно 90 минути одигра и Стефан Ристовски.


Оршиќ постигна два гола, по еден дадоа Мајер и Гаврановиќ, а еден беше автогол на Сутало. За Истра двапати погоди Хара, еднаш Гржан.