24фудбал

Ибрахимовиќ: Не е готово додека јас не го кажам тоа (ВИДЕО)

39 годишниот напаѓач во свој стил се одзва со коментар откако поради повреда изостана од списокот за фудбалери на селекторот на Шведска за претстојното Европско првенство.

Останато

Јан Андерсон го објави списокот на фудбалери на Шведска за претстојното Европско првенство, меѓутоа на истиот, поради повреда изостана ветеранот Златан Ибрахимовиќ.

По ова, со објава на социјалните мрежи се одзва самиот Ибрахимовиќ, кој во свој стил ја коментираше ситуацијата.

Не е готово додека јас не го кажам тоа“ порача популарниот Ибра.

 

Шведска на европскиот турнир во групната фаза е дел од конкуренцијата „Е“, во друштво на Шпанија, Словачка и Полска.