24фудбал

Деби голот на Хамшик за Гетеборг е спектакуларен, ова тешко се брани (ВИДЕО)

Марек Хамшик го забележа првиот погодок во дресот на Гетеборг, Словакот спектакуларно погоди од врвот на шеснаесетникот против Сириус.

Останато

По две години печалба во Кина, Марек Хамшик пред два месеци одлучи да замине од Далечниот Исток и да се врати во Европа. Фудбалерот од средниот ред се реши за авантура во Шведска во редовите на Гетеборг.

Синоќа тој го постигна дебитанскиот гол, на спектакуларен начин погоди против Сириус.

На стартот од второто полувреме, Марек Хамшик начека една топка на врвот од шеснаесетникот и со полу-волеј испрати проектил во аголот кој тешко се брани.