24фудбал

Тер Штеген нема да брани за Германија на Европското првенство

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген потврди дека поради операција нема да може да биде дел од Европското првенство.

Германија

Тер Штеген во четврток во Малме, треба да го оперира коленото, поради тоа го откажа настапот на ЕУРО 2020.

„Тажен сум што ќе го пропуштам Европското првенство и за првпат по многу години ќе бидам навивач за мојата земја од дома. Се надевам дека ќе го освоиме пехарот“, рече голманот кој бранеше за Германија против Македонија.

Но, оваа вест не е голем удар за Германија ако се знае дека прв голман на оваа репрезентација е Мануел Нојер, а како замена го имаат Бернд Лено.