24фудбал

Рома го доби градското дерби и го отпиша Лацио од трката за Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Рома славеше на големото градско дерби против Лацио, Мхитарјан и Педро донесоа триумф од 2-0 и ги отпишаа „бјанкочелестите“ од трката за Лигата на шампиони.

Италија

„Волчицата“ по четири натпревари без победа во „Дерби дела капителе“, вечерва успеа да го совлада Лацио.

Во финишот на првиот дел, Џеко убаво продре по левата страна и му асистираше на Мхитарјан за 1-0. Натпреварот беше решен во 78. минута, Педро прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 2-0.

Со овој пораз, Лацио ги изгуби шансите за топ четири пласман и настап во Лигата на шампиони, додека пак Рома направи значаен исчекор кон настап во Европа.