24фудбал

Левандовски го изедначи рекордот на Милер па го имаше промашувањето на кариерата (ВИДЕО)

Роберт Левандовски го изедначи рекордот на Герд Милер од 40 погодоци во една сезона во Бундеслигата, Полјакот можеше и да го надмине легендарниот Германец, но го имаше промашувањето на кариерата.

Германија

Изедначен е рекордот на Герд Милер стар речиси 50 години, Роберт Левандовски попладнево погоди од пенал против Фрајбург и стигна до погодокот број 40 оваа сезона во Бундеслигата.

Полјакот потоа доби шпалир од своите соиграчи и честитки за големото постигнување.

До крајот на натпреварот, Роберт Левандовски можеше и да надмине легендарниот Германец, но го имаше промашувањето на кариерата и од неколку метри не успеа да ја затресе мрежата.