24фудбал

Мекнил се жалел од гестот на Алиоски и го пријавил Македонецот кај судијата?!

Тренерот на Барнли, Шон Дајч откри дека еден нивен фудбалер поднел приговор кај судијата но одби да открие повеќе детали, најверојатно Двајт Мекнил се пожалил од гестот на Езгјан Алиоски.

Англија

Лидс попладнево со 0-4 славеше на гостувањето кај Барнли, а натпреварот помина во знакот на гестот кој го имаше нашиот Езгјан Алиоски откако се спречка со Двајт Мекнил.

По инцидентот, судијата разговараше со двајцата тренери, Шон Дајч и Марсело Бјелса, а разговараше и со Езгјан Алиоски и двајцата капитени.

Шон Дајч сега сугерира дека разговорот бил поради тоа што Двајт Мекнил се пожалил од Езгјан Алиоски и го пријавил Македонецот.

„Беше поднесен приговор до судијата и ќе биде проследен до ФА. Еден од нашите фудбалери поднесе приговор и јас само бев сведок на приговорот, не и на инцидетот. Не можам да откријам ништо повеќе“ – изјави тренерот на Барнли.