24фудбал

Алиоски се спречка со Мекнил, реакцијата на Македонецот е хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски имаше вербален дуел со Двајт Мекнил на дуелот помеѓу Лидс и Барнли, Македонецот направи реакција со која стана хит на социјаните мрежи.

Англија

Лидс денеска со убедливи 0-4 славеше над Барнли, Езгјан Алиоски со асистенција даде допринос во убедливата победа, но Македонецот е во центарот на вниманието поради еден потег во финишот од мечот.

Откако популарниот Џани остана да лежи на тревата по еден старт, Двајт Мекнил му пријде и му дофрли нешто. Езгјан Алиоски не остана покус, па кога стана направи гест со кој стана хит на социјалните мрежи.