24фудбал

Селекторот на Шведска ги потврди лошите вести: Ибрахимовиќ нема да настапи на ЕВРО 2020!

Селекторот на Шведска, Јане Андерсон потврди дека Златан Ибрахимовиќ нема да настапи на Европското првенство поради повреда на коленото.

ЕВРО 2020

Златан Ибрахимовиќ дефинитивно нема да биде дел од континенталниот собир. По многу шпекулации, Милан соопшти дека напаѓачот шест недели ќе добива третман а сите дилеми ги расчисти селекторот на Шведкса.

„Денеска разговарав со Златан Ибрахимовиќ, кој за жал ме извести дека повредата ќе го спречи да настапи на Европското првенство. Секако дека ова е тажно, особено за Златан, но и за сите нас. Се надевам дека ќе се врати на терените во брзо време“ – изјави Јане Андерсон.