24фудбал

Лидс ја наполни мрежата на Барнли, Харисон му „украде“ гол на Алиоски (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски забележа нова асистенција во убедливата победа на Лидс од 0-4 на гостувањето кај Барнли, Харисон му „украде“ гол на Македонецот.

Англија

Уште едно одлично издание на Езгјан Алиоски и Лидс, попладнево „белите“ стигнаа до убедлива победа на гостувањето кај Барнли и славеа со 0-4.

Македонецот запиша нова асистенција откако неговиот удар од работ на шеснаесетникот беше искористен од Харисон, кој спретно реагираше, го промени правецот на топката и донесе 0-2 по еден час игра.

Во продолжението, Родриго погоди два пати во период од 90 секунди, а првиот гол беше дело на Клих, кој ја затресе мрежата на домаќините во финишот од првиот дел.