24фудбал

На Ибра ќе му трбеа чудо за да настапи на ЕВРО 2020, Милан соопшти лоши вести

Златан Ибрахимовиќ е под голем знак прашалник за континенталниот собир откако Милан соопшти дека на напаѓачот ќе му требаат шест недели за да ја санира повредата на коленото.

Италија

На Златан Ибрахимовиќ ќе му треба чудо за да настапи на ЕВРО 2020, Милан попладнево соопшти лоши вести.

Напаѓачот го повреди коленото против Јувентус и денеска имаше консултации со докторот кој го опериарше во Питсбург пред четири години.

Швеѓанецот сега нема да оди под нож, ќе ја санира повредата со конзервативен третман кој треба да трае шест недели. Со ваква прогноза, тој е под голем знак прашалник за континенталниот собир.

Скај Италија претходно објави дека Златан Ибрахимовиќ ќе паузира три недели, па ова влева одредена надеж. Нејасно е дали третманот ќе трае шест недели во знак на претпазливост и голгетерот ќе добие зелено светло да игра по три недели, или пак ќе мора да мирува шест недели.