24фудбал

Барселона бара нов спонзор, Најк и постави рок до октомври

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона е во потрага на нов главен спонзор, Најк поставил рок до октомври за да може на време да го започне производствот на дресот за сезоната 2022/23.

Шпанија

Наскоро ќе започне последната година од соработката помеѓу Барселона и Ракутен па Жоан Лапорта и неговите соработници ќе треба да најдат нов спонзор или да го обноват договорот со јапонската компанија.

Според СЕР Каталонија, а потврдено и од агенцијата ЕФЕ, Најк дал рок новиот спонзор да биде познат до октомври. Компанијата од САД до овој датум сака да знае кое лого ќе стои на дресот за да може на време да го започне производството на дресот за сезоната 2022/23.

Барселона од сегашната соработка со Ракутен добива по 55 милиони евра годишно.

Извештајот исто така вели дека целта на Барселона е во првите две години од мандатот на Жоан Лапорта да се приберат околу 180 милиони евра годишно од спонзорски договори, и оваа сума полека да почне да се зголемува од третата година.