24фудбал

Интер се спаси, ПСЖ го продава дебелкото Икарди за 35 милиони евра

Медиумите од Франција пренесуваат дека ПСЖ ќе го стави Мауро Икарди на продажба, Аргентинецот може да замине доколку пристигне понуда вредна 35-40 милиони евра.

Шпанија

Интер пред две години реши да се раздели со Мауро Икарди, кој тогаш беше прва ѕвезда и капитен на тимот, потег кој изгледаше непопуларен во тоа време. Напаѓачот најпрво беше позајмен на ПСЖ а минатото лето и во целост продаден за 50 милиони евра.

Но оигледно „нероаѕурите“ постапиле исправно и се спасиле, Аргентинецот прави проблеми и во Париз.

Денешното издание на Л’Екип пренесува дека за Мауро Икарди нема иднина во ПСЖ. Сезонава тој ја одигра далеку под очекувањата, често бeше и повреден а лидерите на „светците“ му замеруваат и за животниот стил. Голгетерот сака да ужива во добра храна па често качува килограми и не е во топ форма.

Па Леонардо и неговите соработници решиле да го стават на трансфер листа и ќе дадат зелено светло за продажба доколку пристигне понуда од 35-40 милиони евра.