Категорија: Англија 15.05.2021 09:32
Серхио Агуеро ќе си замине ова лето, Габриел Жесус не е убедлив, па се шпекулира дека еден од приоритетите на Манчестер Сити ќе биде купување на нов напаѓач.
Но синоќа Феран Торес имаше убедлива партија и покажа дека може на него да се смета.
„Не само овој пат, туку неговата севкупна прва сезона во Англија е исклучителна. Тој дојде како крилен играч, но треба да размислува да стане напаѓач. Кога Серхио, Габриел беа во аут, тој беше тука. Погоди против Лидс и Ккристал Палас. Немаше многу минути, но кога играше покажуваше чувство за гол“, вели Гвардиола.
„Тој може да биде нашата деветка. Ќе го користиме, го користевме и беше брилијантен. ма ритам, особено дефанзивно напредна многу. Мечот против Палас беше пресвртница за него. Има движења на класичен напаѓач“.
„Го има мирисот за гол кој го имаат напаѓачте. Има талент, првиот гол беше фантастичен. Многу сум задоволен“.
„Можеби треба да размислам како да го играм како напаѓач бдејќи секогаш кога ќе игра на таа позиција, секогаш има вистинско чувство за гол. Тој е фантастично засилување за нас, бидејќи е млад и може да игра на три позиции во нападот, но кога игра централно има неверојатно чувство за гол“.
Торес има 21 година, па Гвардиола во понатамошниот дел од интервјуто потврди дека тие веројатно ќе купат уште еден напаѓач бидејќи сезоната е долга и потребни му се повеќе опции.