24фудбал

Лаутаро проговори за својата иднина и стави крај на шпекулациите

Лаутаро Мартинез во изјава за „Скај Италија“ рече дека не планира да замине од Интер, наскоро ќе го потпише новиот договор.

Италија

Силни се шпекулациите кои го поврзуваат Лаутаро Мартинез со трансфер, особено во Шпанија. Се споменуваат Атлетико Мадрид и Барселона, но играчот ги демантира.

„Многу сум среќен во Интер и не планирам да си заминам. Новиот договор ќе биде потпишан“, вели Лаутаро Мартинез.

Тој призна дека минатото лето бил блиску до трансфер во Барселона.

„Пред една година навистина бев блиску до Барселона, зборував со Меси лично, но одлучив да останам“.