24фудбал

Лукаку: Интер има многу играчи кои се подготвени за војна

Ромелу Лукаку беше главното оружје за голови во тимот на Интер оваа сезона кога нероазурите ја прекинаа доминацијата на Јувентус и по долго време го освоија Скудетото.

Италија

Во пресрет на големото дерби против Јувентус, Лукаку прави рекаптулар на сезоната.

„Патот кон Скудетото почна против Сасуоло. Го променивме начинот на игра, и бевме покомпактни. Лаутаро и Санчез играа, јас бев на клупата. Но веднаш сфатив дека тимот беше обединет. Пред нас тогаш беа дуели со Милан, Аталанта и Лацио. Споредено со минатата сезона, победивме повеќе мечеви со директните ривали“, вели Лукаку.

„Покажавме дека сме посилни. По победата против Аталанта, си реков себеси: „Во ред, навистина одиме по Скудетото“.

Лукаку зборува за дербито против Милан кое Интер го доби со 3-0, а тој и Лаутаро постигнаа голови.

„За време на подготовките за дербито, трениравме на многу високо ниво. Се шегував со Лаутаро, му реков: „Не можеме да го изгубиме овој меч, невозможно е“.

Белгиецот продолжи да зборува за Лаутаро и нивното партнерство на теренот.

„Кога го видов првпат, тој беше со татко му. Му реков, за две години ќе освоиме некои трофеи заедно“.

„Работме како тим, и ако видам дека тој е во подобра позиција, секогаш го барам него“.

Лукаку има пофалби и за Ашраф Хакими и Николо Барела.

„Хакими многу добро се вклопи. Сега тој е многу значаен фудбалер за нас“.

„Барела е гласот на тимот. Секој тим има потреба од фудбалери кои се подготвени да одат во војна и ние ги имаме многу такви“.