24фудбал

Во натпревар со пресврти и седум голови, Манчестер Сити го победи Њукасл (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 4-3 победи на гостувањето кај Њукасл во меч кој не им значеше многу и на двата тима, херој на шампионот беше Феран Торес кој постигна хет-трик.

Англија

Манчестер Сити како шампион отпатува во Њукасл кој веќе имаше обезбедено опстанок, па во еден меч без притисоци беа постигнати дури седум голови.

Њукасл поведе со гол на Крафт во 25. минута, следуваа голови на Кансело и Феран Торес за комплетен пресврт и водство на Манчестер Сити од 2-1.

Во судиското продолжение од првиот дел, Њукасл доби пенал кој го реализираше Жоелинтон за 2-2.

По 15 минути игра во вториот дел, нов пенал за Њукасл, овој пат шутираше Вилок кој прво промаши, па одбиената топка повторно дојде до него, овој пат погоди за нов пресврт и водство на неговиот тим од 3-2.

До крајот на мечот Феран Торес постигна уште два гола. Хет-трк на Шпанецот, трет пресврт на натпреварот и победа на Манчестер Сити од 4-3.