24фудбал

Мендеш се огласи по честите шпекулации за иднината на Роналдо и прешкрта еден клуб

Агентот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш ги разочара фановите на Спортинг откако изјави дека во овој момент плановите на ЦР7 за кариерата не минуваат низ Португалија.

Италија

По слабата сезона на Јувентус, има многу шпекулации за заминување на Кристијано Роналдо од Торино. Дури се најавува и негово сензационално враќање во Спортинг, a ваквите гласини ги подгреа и неговата мајка, која изјави дека ќе го убеди својот син одново да го облече „зелено-белиот“ дрес.

Сепак, агентот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш ги разочара фановите на Спортинг.

„Кристијано е горд на титулата која ја освои Спортинг, јавно го покажа тоа. Но во моментов, плановите за неговата кариера не минуваат низ Португалија“ - вели агентот.