24фудбал

Гвардиола ја состави листата со желби, наследникот на Агуеро ќе биде избран од четири имиња

Медиумите од Англија пренесуваат дека Пеп Гвардиола ја составил листата со желби кога е во прашање наследникот на Кун Агуеро, тренерот на Манчестер Сити на ум има четири имиња.

Англија

По десет години на Етихад, Кун Агуеро заминува по крајот на сезоната, се шпекулира дека Аргентинецот веќе се договорил со Барселона.

Манчестер Сити летоска ќе се обиде да донесе нов голгетер, а според пишувањата на Тајмс, Пеп Гвардиола на ум има четири имиња.

Наследникот на Кун Агуеро ќе се бара помеѓу Ерлинг Халанд, Хари Кејн, Лаутаро Мартинез и Андре Силва.