24фудбал

Излезе официјалната песна на Европското првенство (ВИДЕО)

УЕФА ја промовираше официјалната песна за Европското првенство кое започнува за помалку од еден месец.

Останато

Песната е со наслов „Ние сме луѓето“, а е во изведба на диџејот Мартин Гарикс, Боно Вокс и „Д Еџ“.

Според описот од УЕФА, песната е направена да ја слави радоста на фудбалот од Европското првенство, еден од најголемите светски настани. Песната ги разгледува предизвиците со кои се соочува светот, додека истовремено бара заеднички одговор од сите. Таа цели кон тоа да ја отслика позитивноста, надежта и одлучноста кои се потребни за една репрезентација да успее, како и да понуди чувство на заедништво, кое се вклупува и во слоганот на првентството - обединетост.