24фудбал

Последните две кола од сезоната ќе ја решаваат иднината на Чалханоглу, Јувентус и Милан со свои математики

Хакан Чалханоглу има понуда за плата од 5 милиони евра по сезона од Јувентус, но Милан би можел да ја изедначи понудата доколку биде осигуран настап во Лигата на шампиони.

Италија

Последните две кола од Серија А ќе ја решаваат иднината на Хакан Чалханоглу, кој ги одработува последните месеци од договорот.

Турчинот има понуда од Јувентус за плата од 5 милиони евра по сезона и „старата дама“ се обидува да го убеди за преселба во Торино.

Милан во моментов на маса има ставено плата од 4 милиони евра, но тоа може да се промени доколку биде обезбеден топ 4 пласман. Настап во Лигата на шампиони ќе донесе многу повеќе пари во буџетот, па Малдини ќе може на Хакан Чалханоглу да му достави нова подобра понуда.