24фудбал

ГДС: Роналдо останува во Јувентус, има неколку причини за тоа

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Кристијано Роналдо ќе ја одработи последната година од договорот со Јувентус и нема да го напушти клубот по крајот на сезоната.

Италија

Во последно време често се пишува за иднината на Кристијано Роналдо и негово заминување од редовите на „старата дама“.

Денешното издание на Газета дело Спорт пишува дека ЦР7 ќе ја одработи и последната година од договорот и летоска нема да замине од Јувентус.

Весникот вели дека има неколку причини, како прво, тешко дека ќе се најде клуб кој ќе го купи напаѓачот и ќе му даде плата приближнаа како онаа во Јувентус. Реал Мадрид се откажа од трката, ПСЖ го оладил интересот откако Нејмар стави потпис на нов договор, а Манчестер јунајтед нема доставено конкретен предлог ниту пак се водат посериозни преговори.

Како второ, ГДС вели дека Јувентус не размислува за раскин на договорот, на тој начин ќе се покаже минус во балансот. Треба да се амортизира сума од околу 25 милиони евра, и ова минималната сума за која „старата дама“ ќе ja прифати продажба.

Како трето, Кристијано Роналдо никаде нема да добие даночно олеснување какво што добива во Италија. ЦР7 плаќа само 100.000 на сите приходи што ги остварува во странство.