24фудбал

Пишчек со многу емоции се збогува од Дортмунд, сега оди во четврта полска лига да игра со пријателите (ВИДЕО)

Синоќешното финале од Купот на Германија беше посебно за Лукаш Пишчек кој по 11 години се збогува од Борусија Дортмунд.

Германија

Полскиот фудбалер помина 11 сезони во Борусија Дортмунд, па по крајот на вчерашниот натпревар имаше излив на емоции.

Плачеше, а соиграчите го фрлаа во воздух. Пишчек сега се враќа во својата татковина и планира да игра во четвртата полска лига заедно со неколку негови пријатели.